Службени лица без налог насилно влегле во дом и го нападнале сопственикот пред неговиот син

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, против М.Т., С.Р., и Ф.Ѓ., полициски службеници од ПСОН Аеродром при СВР Скопје, поднесе кривична пријава за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ.
Првопријавениот М.Т. и второпријавениот С.Р. на 24.02.2025 пред влезната врата од станот сопственост на лице од Скопје, го известиле дека се дојдени да извршат службен разговор во врска со поднесена поплака од неговата сопруга, но тој не им дозволил да влезат, бидејќи немале налог од суд за влез во неговиот дом.
Потоа М.Т. неовластено влегол во домот и насилно почнал да го влече оштетениот, го удирал по ногата и се обидел да го лиши од слобода, при што дејствијата ги преземал пред малолетниот син на оштетениот.
Со тоа М.Т. сторил две кривични дела односно кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ и кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ, додека второпријавениот С.Р. заедно со третопријавениот Ф.Ѓ. сториле кривично дело „нарушување на неповредливоста на домот“ по член 145 ст.2 од КЗ.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници М.Т., С.Р. и Ф.Ѓ. поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
