Смалете го високиот крвен притисок за само 10 секунди
Доколку ве мачи крвниот притисок дефинитивно мора да ги промените навиките во исхраната и пред се да го намалите внесувањето на сол и маснотии и да го зголемите внесувањето на вода во организмот. Но, освен тоа, во борбата против овој „тивок убиец“ ќе ви помогне и уште еден, миризлив зачин.
Неколку истражувања потврдија дека систолниот (горен) и дијастолниот (долен) крвен притисок, можат да бидат намалени со помош на познатиот зачин – цимет.
Доколку додадете два грама (или половина мала лажичка) цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.
„Топло го препорачувам вклучувањето на цимет во исхраната, но немојте да мислите дека само со тоа ќе успеете да го намалите крвниот притисок. Храната во целина треба да се прилагоди на здравствената состојба. Вожбите се исто така неопходни, бидејќи нив сигурно ниту еден зачин нема да може да ги замени“, пишува авторот на книгата „The SooperfoodsRr Diet“, Венди Бразилиан.
Освен во десертите, циметот лесно можете да го додадете во појадокот па со него да го посипете кафето или јогуртот со житарици. Исто така, и исеченото овошје, како крушки и јаболки, можете да го зачините со оваа миризлива лековита прав.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите