Смартфон уред за дијагностицирање инфективни болести

Нов уред со големина на кредитна картичка еден ден може да го направи дијагностицирањето, третирањето и спречувањето на епидемии на инфективни болести едноставно и евтино.
Подвижната „лабораторија“ била дизајнирана од инженери од универзитетот на Синсинати и се вклучува во смартфонот преку USB портот. Уредот е доволно чувствителен да детектира активни инфекции, а истражувачите тврдат дека истиот лесно може да се прилагоди за различни биомаркери за идентификување на болести како ХИМ, па дури и коронавирусот, како и за мерење на нивото на хормони поврзани со стрес, анксиозност и депресија.
Корисникот е потребно само да стави примерок крв или плунка на специјално дизајнираниот пластичен лабораториски чип, кој се вметнува во отворот на самиот уред.
Истражувачите сметаат дека, поради тоа што речиси секој има смартфон (повеќе од 3 милијарди луѓе) ваквиот уред за брза дијагностика би можел да се користи во секој дом.
Моментално, потребни се часови, па дури и денови за дијагностицирање во лабораторија, дури и кога луѓето веќе покажуваат симптоми на разни болести кои можат лесно да е шират.
Смартфонот се користи за напојување на уредот, читање и складирање на податоците, а информациите се добиваат преку процесирање на 2 канали – еден каде примероците се мешаат со антитела од болести за детекција, и друг кој користи луминисцентен материјал за да им овозможи на сензорите на уредот да ги прочитаат резултатите.
Податоците потоа се интерпретираат со помош на специјално дизајнирана апликација и можат да бидат испратени директно до медицинска установа за понатамошна анализа.
Ново на Сител
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
