Смена на чешкиот полициски контингент на македонско-грчката граница
Втората група на припадници на чешкиот полициски контингент, кои помагаат со бегалците на границата со Грција, денеска попладне ќе отпатува за Македонија, соопшти портпаролот Давид Схоњ. Тие ќе ги заменат досегашните 27 полицајци кои од февруари беа во Македонија.
Како што јави допсникот на МИА од Прага, новиот контингент ќе помага во околината на Гевгелија, во близина на Грција каде се наоѓа и кампот за бегалци.
- Нивната главна задача е заштита на зелената граница. Тоа значи надгледување за спречување на нелегален влез во Македонија, објасни Схоњ.
Тој додаде дека дел од полицијата води сметка и за зачувување на редот во кампот.
Полицајците кои одат во Македонија и во Словенија доброволно се пријавуваат и нивниот прием зависи од нивните работни обврски и познавањето на англискиот јазик.
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач