Смртоносна песочна бура го зафати Блискиот Исток
Силна песочна бура, невообичаена за овој дел од годината, неделава го зафати Блискиот Исток, прекривајќи ги со прашина Бејрут и Дамаск и убивајќи најмалку две лица во Либан.
Поради невремето прекинати се воздушните напади во соседна Сирија, каде петмина лица наводно загинале поради лошото невреме.
Населението од регионот објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат големи облаци прашина. Смртоносната бура е со такви размери што може да се види од вселената, наведува „Раша тудеј“.
НАСА објави фотографии од бурата што предизвика проблеми со дишењето и намалување на видливоста во делови на Либан, Сирија, Кипар, Израел и Ирак, поради што се затворени и училиштата.
Либанското министерство за здравство изјави дека 750 лица се хоспитализирани поради проблеми со дишењето и побара локланото население да излегува надвор само со заштитни маски.
Сириската државна агенција САНА објави дека три лица во централната провинција Хама загинале во песочна бура, како и дека над 3.580 лица побарале здравствена помош во неколку болници.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите