-->
-->
СНБ потроши рекордни 90 милијарди франци за слабеење на домашната валута
-->
Швајцарската централна банка (СНБ) во првите шест месеци од годинава потрошила рекордни 90 милијарди франци (83,3 милијарди евра) за интервенции на берзите, со цел да го забави јакнењето на домашната валута во време на пандемијата на Ковид-19, покажуваат податоците на Банката.
Износот ги надминува и вкупните интервенции на СНБ на девизните пазари во претходните три години.
Франкот обично зајакнува во време на кризи, бидејќи голем број инвеститори го сметаат за безбедна валута, во која често го насочуваат капиталот во вакви неизвесни периоди.
Меѓутоа, силниот франк е опасен за швајцарскиот извоз и туризам, како и за растот на економијата, бидејќи поради него швајцарските производи и услуги поскапуваат во странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива