-->
-->
Снег урна кров на куќа во кавадаречко
-->
Снегот го урна кровот на селскиот дом во кавадаречко Бохула, стар околу 80 години. Претседателот на месната заедница, Душко Ѓорѓиев рече за МИА дека ќе бара од кавадаречката локална самоуправа во чија сопственост е селскиот културен дом, да се помогне во спасувањето на објектот и преадаптирање на дел од него во своевидно планинарско катче, имајќи ја во предвид планинарската активност на лица кои потекнуваат од ова село, особено на браќата Мелови.
– Изминатата година со помош на Општината Кавадарци беа поплочени неколку улици. За оваа година, од општинскиот буџет, за нашето село се предвидени околу четири милиони денари. Не застануваме тука. Понатаму исто така ќе се залагаме за развој на селото и селскиот туризам, нагласи Ѓорѓиев, инаку поранешен градоначалник на Општината Конопиште, во која влегуваа десетина села од Бошавијата, меѓу кои и Бохула.
Тој рече дека бројот на постојани жители во селото е околу 30, но него редовно го посетуваат планинари, викендаши, рекреативци и љубители на селскиот туризам.
– Има можеби над 105 куќи и редовно има интерес за изградба на нови викендички, бидејќи селото ги има сите услови за живот, додаде Ѓорѓиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми