Македонија
23. December 2017 - 18:36

Снег вее во Македонија: Еве на кои места

 Снег со многу слаб интензитет кој не се задржува на коловозот паѓа на патниот правец Крива Паланка -граничен премин Деве Баир, информира ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на останатите патишта низ државата се одвива тековно по суви коловози. На повисоките и осојничави места коловозите се наместа влажни.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот