Снегот го отежна сообраќајот, забрана за камиони на Стража и Маврово - Дебар

Поради снежните врнежи од изутрина во 8:15 часот е воведена забрана за движење на камиони на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 8:20 на патниот правец крак Маврово-Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава го отежна патниот сообраќај, забавено се одвиваат градскот и меѓуградскиот превоз, а засега нема значителни проблеми во железничкиот и авиосообраќајот.
- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози во северниот, западниот и југозападниот дел од државата, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Во раните утрински часови врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, планинскиот превој Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, наведува Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Без проблеми од изутринава се реализирани предвидените полетувања и слетувања ид аеродормот „Александар велики“ во Скопје, покажуваат податоците на веб страницата на концесионерот „ТАВ Македонија“.
Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија (УХМР), пообилни врнежи ќе има во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен.
Поради најавата од УХМР владиното Координативно тело за справување со кризи и Управувачкиот комитет за кризи апелира граѓаните да бидат внимателни при планирање на патувањата, односно да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба, да носат соодветна зимска опрема, а особено транспортните возила за кои не е исклучена забрана во определен период. Компанијата ЕВН треба да формира тимови кои ќе бидат со зголемена мобилност и зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија.
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
