Снегот го отежна сообраќајот, забрани за камиони на Стража, Маврово и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет паѓа во цела држава освен во источниот дел.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово и Ѓавато, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
