Снегот и дождот ќе го зголемат нивото на водотеците

Поради релативно топлото време и позитивните температури на воздухот се очекува топење на снегот кој падна во изминатото деноноќие и тоа на местата пониски од 1.500 метри надморска висина со што ќе биде зголемен приливот на вода во речните корита и суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Моментално протекот на вода во реките, додаваат, е под просекот или околу просекот за овој период од годината.
– Се очекува зголемување на водостојот на водотеците во западниот дел на земјава, како и во горниот дел од сливот на Вардар. Кај помалите реки и суводолиците можно е позначително зголемување на водостојот, додека кај поголемите реки освен извесно зголемување на водостојот не се очекува излевање на водата од речните корита, велат од УХМР и предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на утрешниот ден.
Како што претходно информира УХМР, под влијание на потопол влажен бран од денеска кон крајот на денот, како и во текот на утрешниот ден најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд кои на места во западните делови се очекува да бидат пообилни и локално да наврнат над 40 литри на квадратен метар.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
