Македонија
4. December 2019 - 11:10

Снегот не создаде проблеми во дебарско-реканскиот крај и Жупа, но се препорачува внимателно возење

По обилните дождови присутни последните денови, во текот на ноќта падна првиот снег во дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа.

Дебелината на снежната покривка е мала, неколку сантиметри и според надлежните не создаде проблем во одвивањето на сообраќајот.

– Наши екипи во текот на ноќта ги попесочија патните правци кои се под наша надлежност и во мометот нема никаков проблем. Сообраќајот се одвива без проблеми.Сепак се препорачува многу внимателно возење и почитување на патната сигнализација,посебно на осојничавите места, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат“.

Под надлежност на секцијата се делниците Жировница – Дебар, краковите Бошков Мост – Гари, Мелнички Мост – Центар Жупа, Дебар – Глобочица и патот Дебар – граничен премин „Блато“.

Според Лиманоски секцијата располага со доволна количина на песок, ризла и соодветна механизација и е подготвена навреме да одговори на создадена стуација.