Снегот не создаде проблеми во дебарско-реканскиот крај и Жупа, но се препорачува внимателно возење
![]()
По обилните дождови присутни последните денови, во текот на ноќта падна првиот снег во дебарско-реканскиот крај и подрачјето на Жупа.
Дебелината на снежната покривка е мала, неколку сантиметри и според надлежните не создаде проблем во одвивањето на сообраќајот.
– Наши екипи во текот на ноќта ги попесочија патните правци кои се под наша надлежност и во мометот нема никаков проблем. Сообраќајот се одвива без проблеми.Сепак се препорачува многу внимателно возење и почитување на патната сигнализација,посебно на осојничавите места, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на „Македонија пат“.
Под надлежност на секцијата се делниците Жировница – Дебар, краковите Бошков Мост – Гари, Мелнички Мост – Центар Жупа, Дебар – Глобочица и патот Дебар – граничен премин „Блато“.
Според Лиманоски секцијата располага со доволна количина на песок, ризла и соодветна механизација и е подготвена навреме да одговори на создадена стуација.
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
