Снегот предизвика проблеми во Грција

Нов студен бран донесе врнежи од снег во многу делови на Грција, додека островите Алонисос и Скопелос останаа без врска со копното затоа што фериботите не пловат, а властите на Лезбос и Хиос се борат за ги згрижат стотиците мигранти кои се сместени во отворени кампови.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во многу делови од Грција училиштата денеска не работат поради обилните снежни врнежи, а метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови ќе продолжат до среда.
Се очекува од вечерва студениот бран да се прошири во североисточна Грција, Тракија, Халкидики, на северните егејски острови и Крит. Се предвидуваат и бури во морето.
Во северозападниот дел на земјата се очекуваат температури и до минус 16 степени Целзиусови, а утрово во оваа област беа измерени минус 13 степени.
Поради студениот бран, патувањето во многу делови од земјата е отежнато и на возачите им се препорачува да не тргнуваат на пат без зимска опрема, особено во северните области на Грција.
Ново на Сител
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
-

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки
