-->
-->
Снежна бура и се заканува на Македонија - Интензивни врнежи од снег од вечерва
-->

До четврток нашето подрачје ќе се задржи под влијание на влажна и релативно студена воздушна маса што ќе услови времето да биде облачно со повремени врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег.
Денес ќе има повремен слаб снег, а на југоисток повремен слаб дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе се интензивираат.
Во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег. Во четврток околу пладне почнувајќи од запад врнежите постепено ќе престануваат.
Во Скопската Котлина пообилни врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во ноќта кон четврток, а снежната покривка се очекува да се зголеми за околу 20 cm.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
