Снопче: Груби само сонува а нема идеја за Албанците
ДУИ и Артан Груби немаат идеи и решенија за Албанците, туку тие само сонуваат некакви работи како еве на пример премиер Албанец, ова е коментарот на пратеникот на Алијансата на Албанците Снопче за предлогот на првиот вицепремиер Артан Груби во приватните компании да се вработува по етнички клуч со субвенција од државата.
Снопче за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ пак да се расправа за меморандумот на Бугарија во Собранието и да се донесе контра резолуција на софиската рече дека за секое прашање парламентот треба да расправа бидејќи од тоа произлегуваат решениа, но дека Алијанса и Алтернатива ќе се изјаснат конкретно за предлогот кога ќе го добијат.
- Почетокот на преговорите со ЕУ е многу битен за сите нас а во тој контекст се и барањата на Бугарија, не сме го виделе предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе го видиме ќе се изјасниме, рече Снопче.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи