Македонија
12. November 2021 - 16:01

Снопче: Секоја држава има своја мафија, а синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава

Секоја држава има своја мафија, а синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава. една Влада со 59 пратеници, се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници. Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности.

Синоќа не потфрли новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин.

Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, таа само се зацврсти на страната на правдата, на страната на народот кој бара промени, а излегоа на виделина вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена. Битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш.

 

Халил Снопче, пратеник

Алијанса за Албанците