Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО

На 24.12.2025, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија.

Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево" извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.

По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Ново на Сител
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
-

Трамп го предупредува Иран за можен напад
-

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од нашите територии
-

Претпладне сончево, а попладне облачно
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
