Со цистерни се мијат локалните улици во Карпош
Од денеска, сите локални улици во Карпош се мијат и дезинфицираат со уште една, четири тонска цистерна.
На овој начин, информираат од општината, на терен работат три цистерни, кои ги мијат улиците, но вршат и дезинфекција пред маркети, банки, пошти, аптеки и други пофреквентни места.
– Утринава, се миеја улици и се дезинфицираше пред фреквентни места, во Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 2 и Злокуќани. Оваа нова цистерна е во сопственост на правното лице „Анизор“ и е дадена на привремено користење на општината, без никаков финансиски надомест (донација), соопштуваат од прес-службата наОпштина Карпош.
Од општината ги повикуваат и сите други општествено одговорни компании да се приклучат во оваа битка за справување со коронавирусот.
Оттаму најавуваат дека локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за чистење на јавните површини и дезинфекција на влезовите на сите згради со повеќе од осум домаќинства во Карпош.
Ново на Сител
-
Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добиваат повеќе пари
-
Меџити: Само Таравари гледа можност за соработка со ДУИ
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
Априлски снег во Охрид
-
Пензионерите против враќањето на старата методологија за пресметка на пензиите
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна