Со едукација намален бројот на зависници во Струга
Бројот на нарко зависници кај младата популација во Струга и Струшко е намален. Ова е заклучокот од денешната трибина „Превенција на болести од зависност“ што ја организираше општинската организација на Црвен крст – Струга, а учествуваа претставници од СВР Охрид, Здравствен дом – Струга, училиштата и други релевантни институции.
Едукатвните работилници, според претседателката на Црвен крст – Струга Адуриме Даути, ја подигаат свеста кај младите да не посегнуваат по дрога и други наркотични супстанци.
- Бројот на болести од зависност кај младата популација е намален, бидејќи на терен се работи со вакви едукативни работилници. Младите имаат сознанија и учат како да кажат не за дрогата, за разлика од минатото кога од љубопитност почнувале. Во денешно време младите имаат повеќе информации и ги одбиваат пороците, истакна Даути.
Во рамките на проектот „Превенција на болести од зависност“, како што информира Даути, биле обучени тројца ученици, кои држеле едукативни работилници „Врснички едукации“ во осум училишта во регионот, односно пред околу 300 ученици од осмо и деветто оделение и прва година средно.
Ново на Сител
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење
-
Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви
-
Приведен 21-годишен крадец од дојранско
-
Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата
-
Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа
-
Орбан: Членството на Украина во ЕУ не треба да биде инструмент за војна
-
Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент