Со фотоволтаични панели до безбедна вода за пиење во селските населби

Општина Виница започна со монтирање фотоволтаични панели на селските резорвоари со кои ќе се овозможи автоматско хлорирање на водата.
- Како локална самоуправа се стремиме сите жители на општина Виница посебно од селските урбани средини да имаат чиста вода за пиење, во таа насока се и нашите напори за надминување на тој долгогодишен проблем. Со овој нов систем со користење на сончевата енергија стартуваме во четирите населени места Трсино, Трстија, Крушево и Пекљани, а во тек е и постапката со урбанистичка документација за изградба на филтер станицата во село Трсино, за која средствата се веќе обезбедени, истакна градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев.
Според директорот на Јавното претпријатие, Игор Спасовски, со помош на овие панели, струјата се складира во акумулатори и ќе се овозможи 24 часовна контрола на хлоринаторите. - На овој начин човечка рака повеќе нема да биде потребна, а со тоа водата ќе биде стопроцентно заштитена од несакани загадувања, додаде тој.
Оваа инвестиција е од општинскиот Буџет и е во висина од 256.000 денари, меѓутоа според најавите, за прочистување на водата се планирани и дополнителни средства во насока на комплетна контрола над квалитетот на истита и целосно преземање на водата од страна на јавното претпријатие.
Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем со пиење хемиски или бактериолошки неисправна вода присутна на теренот повеќе години по ред.
Ново на Сител
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
