Македонија
14. February 2016 - 12:32

Со голф удри во бетонски ѕид, еден повреден во сообраќајка во тетовско

Вчера околу 15,00 часот на локалниот пат с.Челопек-с.Милетино, пред куќата на В.М. се случила сообраќајна незгода во која Е.Ќ.(46) од с. Милетино-Тетово управувајќи  патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки удрил во бетонски ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(74) од с.Милетино кој бил пренесен во КЦ-Тетово, а по  укажаната лекарска помош бил пренесен во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.