Со ХИВ се заразени стотици илјади деца во Африка
Околу 400.000 деца помлади од 15 години се носители на ХИВ вирусот во западна и централна Африка, но не примаат антиретровирусна терапија поради недостиг од тестирања. Тоа го соопшти Уницеф предупредувајќи дека десетици илјади од нив може да ги загубат животите во следните години.
Без тестирање и терапија, половина од родените со вирусот ХИВ ќе ги загубат животите пред да наполнат две години, а ¾ од нив пред петтиот роденден, соопшти Уницеф.
Организацијата УНАИДС наведува дека во 2015 година првпат Западна и Централна Африка имале најмногу нови зарази меѓу децата – 66.000 или 45 отсто од вкупно 150.000 регистрирани во светот.
Само половина од жените во тоа подрачје преминале низ програма за превенција за пренесување на вирусот од мајка на дете. Околу 36,7 милиони луѓе во светот се носители на вирусот ХИВ, а половина од нив имаат пристап до третмани за лекување.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред