Македонија
11. February 2025 - 16:42

Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства

Со поволен кредит од германската КФВ банка до поголема енергетска независност. Со 55 милиони евра ќе се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци и фотонапоската централа Битола 2. Оваа електрана ќе произведува до 90 гигавати часови годишно, што е доволно за снабдување на 20.000 домаќинства со електрична енергија

- На овој начин ќе обезбедиме поголема енергетска независност и поголема ефикасност во енергетиката. Ако порано енергетиката беше поле за корупциски скандали сега е поле на инвестиции. Се инвестираат 55 милиони евра, се обезбедува електрична енергија за 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина, вели премиерот Христијан Мицкоски .

Фотонапонската централа ќе биде готова за 2 години, што значи првите количини обновлива енергија ќе бидат произедени во 2027-та.

- Со оваа инвестиција ќе се обезбеди струја кога ќе генерира годишно по 3,3 милиони евра приход, вели Лазо Узунчев, генерален директор на ЕСМ

Енергетската трансформација нуди шанса за енергетска независност, за отворање нови работни места и за подобра животна средина.

- Целта на Европа е климатската неутралност до 2050-та годна. Тоа е тешка цел, но може да се оствари, со сите нас заедно, изјави Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија. 

Вложувањата во енергетика се од капитално значење и приоритет за државата, вели премиерот. Затоа постојани има средби и со потенцијални инвеститори за изградба на когенеративна централа.