Со искази на сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува деенска во судницата во „Идризово“ со искази на сведоци на Обвинителството.
На претходното рочиште одбраната на сопственикот на „Пулс“ и првообвинет Дејан Јованов-Деко побара замена на притворот со куќен притвор поради вложена здравствена состојба. За случувањата за време на трагедијата сведочеа Ана Захариева, која на критичната вечер била гостин во „Пулс", како и Александар Јосифов, кој од 2017 до 2021 година бил главен секретар во Општина Кочани, во мандатот на градоначалникот Николчо Илиев и Драган Ананиев, вработен во Општина Кочани.
Судењето е во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
