Со изложба „10 столбови на Археолошкиот музеј“ почнува Неделата на археологијата

Репрезентативна изложба „10 столбови на Археолошкиот музеј“, чиј автор на идејниот концепт е Драги Митревски, ќе биде отворена вечер во Археолошкиот музеј на Македонија, со што официјално почнува манифестацијата „Недела на археологијата“ по повод една година од отворањето на новиот објект на таа национална установа и 91 година од нејзиното постоење.
На изложбата „10 столбови на Археолошкиот музеј“ ќе бидат претставени ексклузивните експонати како Големата божица Мајка од Тумба Маџари, монументалниот појас од Марвинци, теракотните икони од Виница, теракотните култури од Стоби и други артефакти од праисторијата, антиката и средниот век, а дел од поставката ќе биде и значајна археолошка документација, дневници, технички цртежи, фотографии...
Утре ќе се одржат презентации во врска со сите значајни проекти поврзани со повеќе локалитети во кои кустосите носители на збирките во Археолошкиот музеј ќе претстават кус преглед за историјатот на локалитетите, на истражувањата, најзначајните археолошки откритија, како и за карактерот и значењето на овие локалитети за македонската археологија.
Во рамки на манифестацијата, на 21 октомври во чест и сеќавање на д-р Драгиша Здравковски, ќе се одржи сесија на четири предавања за неолитот во Македонија и Бугарија. На 22 октомври ќе се отвори лапидариумот во Археолошкиот музеј на Македонија, кој е комплетиран со изложба која го покажува историјатот на иницијалната збирка во музејот.
Во Археолошкиот музеј на Македонија се изложени над 8.000 експонати, чиј број континуирано се зголемува како резултат на бројните археолошки истражувања кои во изминатиот период со значителен фонд на средства беа поддржани од Владата и од Министерството за култура.
За една година постоење, новиот објект на Археолошкиот музеј на Македонија, го посетиле повеќе од 35 илјади посетители - над 10 илјади странски туристи, над 15 илјади домашни посетители и околу 10 илјади ученици од основните и средните училишта.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
