Џет-Сет
19. April 2017 - 13:35

Со кола се забила во бетонски ѕид: За да го задржи сопругот Стоја проба да се самоубие

Познатата пејачка Стоја Новаковиќ, не крие дека поради нејзиниот сопруг Игор спремна на се па дури и да се убие.

Фолкерката пред неколку години, кога нивната врска била во криза, и поради преголемата болка од можноста да го загуби сопругот, влегла  во автомобилот, ја заклучила вратата и се удрила во бетонски ѕид, се со цел да го задржи сопругот.

Тој мислејќи дека е повредена веднаш дотрчал да и помогне, па оттогаш се неразделни.

-Се залетав кон бетонскиот ѕид колку што можев, знаев дека тој нема да остане рамнодушен на тоа. Го искршив автомобилот ама не ми е жал. Знев дека ќе дојде да ми помогне - рекла Стоја смеејќи се.

Иако многумина ќе кажат дека оваа постапка на Стоја е бизарна, таа вели дека воопшто не се кае, но не би го препорачала овој метод никому.

-Автомобилот го поправив, но вредеше, зошто после тоа се смиривме. Да не го направев тоа можеби немаше да се смириме - заклучила таа.