Свет
1. May 2018 - 11:37

Со новиот закон израелскиот премиер може речиси сам да објави војна

Израелскиот Парламент даде овластување премиерот да објави војна или голема воена операција со консултација само со министерот за одбрана без потреба од гласање на Кабинетот во целосен состав како што беше претходно.

Според израелски медиуми тој потег е „изненадувачки и значи потенцијално далекусежна победа“ за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

За предлог законот синоќа гласаа 62 членови на Кнесетот наспроти 41 на опозицијата.

Според новиот закон во „есктремни околности“ премиерот и министерот за одбрана може да одобрат воени операции и за таа одлука нема да им биде потребно гласање од министрите во Владата. Со законот не е рпецизирано какви точно околности се подразбираат под „есктремни“ ниту кој ќе утврди дека околностите се такви.