Македонија
15. May 2024 - 16:44

Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска

Како на хорор филм, претседателката на Уставен суд во својата гаража начекала забоден нож во прекинувачот за светло. Пред самото гаражно место до автомобилот бил оставен импровизиран кревет. Од кого доаѓаат и што треба да значат ваквите закани за претседателката Добрила Кацарска надлежните допрва ќе истражуваат.  Случајот го потврдија од полицијата 

На 14.5.2024 г. во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека во подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож.

Од Уставен суд потврдија дека случајот го пријавила лично Кацарска. 

Закани за Кацарска имало и на социјалните мрежи кои се уште се достапни, но до сега претседателката не ги пријавувала се до вчера кога опасноста и затропала на врата. 

Случајот го презеде обвинителството, предметите од гаражата се подигнати на вештачење.