Со обдукција се утврдуваат причините за смртта на старицата во Струмица
Телото на 83-годишната старица која вчера попладне беше пронајдена мртва во куќа на улицата „Димитар Цветинов“ во Струмица е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Куќата во која е пронајдено безживотното тело на старицата се уште ја обезбедува полицијата, а од ОЈО Струмица засега само потврдуваат дека е извршен увид и дека по завршувањето на обдукцијата ќе се знае дали се работи за насилна или природна смрт.
Соседите забележале дека вчера во куќата на старицата најпрвин дошло возило на Итната помош, а набргу потоа и полиција која го обезбедила местото и го забранила движењето по овој дел на улицата.
-Друго не забележавме. Ја познаваме починатата. Се работи за многу добра жена, а како починала не знаеме, велат соседите.
Инаку, како што информираа вчера од полицијата смртта на старицата била пријавена од страна на медицинските служби.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, под контрола четири, изгаснати 31
-
Украина и Русија меѓусебно се обвинија за воздушни напади во текот на ноќта на граничните области
-
Петмина затвореници побегнаа од строго чуван затвор во Португалија
-
Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија денеска ќе биде отворен до 22 часот
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски по повод 8 Септември
-
Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на независноста
-
Честитка од Сиљановска Давкова по повод 8 Септември
-
На ГП од македонска страна нема подолги задржувања з влез и излез од државава