Со одлука на владата до 30 март црквите во Грција прекинуваат со работа
До 30 март се прекинува работата на црквите во Грција, со исклучок на индивидуалната молитва, реши грчката Влада, а одлуката, преку официјалниот Твитер профил ја соопшти премиерот на земјата Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
„Со одлука на владата се прекинува работата во сите области на религиозните служби на секоја догма и религија. Црквите остануваат отворени само за индивидуална молитва. Заштитата на јавното здравје наметнува јасни одлуки“, напиша Мицотакис на „Твитер“.
Министерката за образование и религија на Грција, Ники Керамеос рече дека се прекинува работата на црквите, со исклучок на погребите и индивидуалната молитва, објаснувајќи дека одлуката важи од 16 март 2020 до 30 март 2020.
Твитот на Мицотакис и изјавата на Керамеос, дојдоа на нешто повеќе од еден час по соопштението и одлуките на Светиот Синод на Грчката православна црква, кој заседаваше токму за конкретната тема, но веројатно донесените одлуки не ги задоволија очекувањата на владата.
Светиот синод на ГПЦ, меѓу другото, одлучи: светите храмови да бидат отворени само за индивидуални молитви; откажување на литургиите со исклучок на оние во недела од седум до осум часот наутро; да се откажат свадбите и крштенките, а доколку е неизбежно, да се одржат во присуство на најтесното семејство и сл.
Ново на Сител
-
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК
-
Врчак: Последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине
-
Шокантниот пресврт на Трамп со царините ја фокусираше трговската војна на Кина
-
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови
-
Семејството на Теодора: Зошто иницијативата „Кој е следен“ нема никаков интерес за нашиот случај?
-
Влада: Зголемувањето на платите продолжува
-
Трамп и Путин сакаат Зеленски да си замине: Дали се можни избори додека трае војната?
-
Зеленски: Новите разговори со Американците може да се одржат следната недела