-->
-->
Со Пандев против Катанец и „змајчеки“
-->
Со Пандев и Јаховиќ во нападот Македонија ќе и се спротистави на Словенија на контролниот дуел во Копер на 23 март (18ч). Селекторот Игор Ангеловски денеска го објави списокот на играчи кои ги повика за контролните натпревари со Словенија, во Копер на 23.март и со Бугарија во Скопје на 29. март.
Популарниот „Мрме“ најави игра на добар резултат за што ќе помогне нашиот најдобар играч Горан Пандев, кој последниот месец игра во добра форма за Џенова, исто така, во тимот се враќаат напаѓачите Адис Јаховиќ и Јован Костовски, голманот Мартин Богатинов, и играчот од средниот ред Арменд Алими, кој е еден од четворицата играчи кои настапуваат во домашното првенство, а кои се најдоа на сиписокот на селекторот.
„Имав проблеми со голманите и дефанзивците, Митов-Нилсон е повреден, затоа го повикав Богатинов кој брани во добра форма, проблем е повредата на Мојсов и поради тоа не е повикан, како и нестандарноста во клубовите на играчите кои беа повикани на претходните две средби. Од списокот се гледа дека инсистирам на она што го најавив, дека ќе играат само оние кои се стандардни во тимовите. Исклучок е Трајковски, тој има помала минутажа во Палермо, но таму често ги менуваат тренерите, а тој заслужува да игра, мислам дека треба да биде предводник на оваа репрезентација. Бесарт Ибраими е во добра форма, но не е повикан бидејќи конкуренцијата во нападот е голема“, рече на прес конференцијата Игор Ангеловски.
Македонскиот селектор најави дека списокот не планира да го шири, според него бројката од 18 играчи е доволна, а поширока база од 23-ца или 24-ца играчи ќе биде дополнета со играчи од младата репрезентација, бидејќи, како што рече, „со своите игри тоа го заслужија“.
Ангеловски одговори и на новинарско прашање поврзано со Дејан Трајковски, напаѓачот на Домжале, околу кого деновиве се „крена прашина“, во дел од домашните медиуми.
„Македонија за никого нема да биде резервна опција, додека јас сум селектор ќе барам од играчите да играат со желба и срце за Макеоднија. Едноставно Македонија мора да биде првата опција. Планирам за секого да ги отворам вратите на националниот тим. Не планирам нашиот дрес да биде резервен за некого, поради тоа Дејан Трајковски не е повикан. Јас му посакуван кога ќе добие повик од Словенија да го прифати“, порача селекторот.
Првиот собир на репрезентативците Ангеловски го закажа в понеделник, во Поротрож, во вторник се предвидени два тренинга, а мечот со Словенија е в среда.
Списокот на репрезентативци:
Голмани: Димитриевски (Гранада, Шпанија), Богатинов (Етникос, Кипар)
Одбрана: Жута (Ријека, Хрватска), Ристовски (Ријека, Хрватска), Шиков (Австрија Виена, Австрија), Ристевски (Вашаш, Унгарија), Силјановски (Работнички), Цикарски (Работнички)
Среден ред: Алими (Шкендија), Глигоров (Вардар), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Стјепановиќ (АЕЛ Лимасол, Кипар)
Напад: (Пандев (Џенова, Италија), Јаховиќ (Крилја Совкетов, Русија), Несторовски (Интер Запрешиќ, Хрватска), Костовски (Леувен, Белгија), Трајковски (Палермо, Италија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари