Македонија
10. January 2017 - 13:02

Со пиштоли испразнета обложувалница во Скопје

Вчера околу 19,19 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати лица маскирани и вооружени со огнено оружје-пиштоли, извршиле разбојништво над еден вработен при што одзеле околу 19.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.