Со потписи официјализирани пет кандидатури за претседател

Податоците на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчера покажуваат дека од вкупно 11 кандидати уште шест ги немаат потребните 10.000 потписи за претседателска кандидатура, а пет ја постигнаа бројката.
Од синоќа потребните потписи ги имаат и Билјана Ванковска (Левица) која според пресекот на ДИК има 10.278 потписи како и Стевчо Јакимовски (ГРОМ) кој има 10.269. Претходно со собрани 10.000 потписи претседателски кандидати се Максим Димитриевски (ЗНАМ-За наша Македонија) со 11.562, Бујар Османи (ДУИ) со 11.079 и Арбен Таравари (коалиција „Вреди“) со 10.706.
Од другите кандидати, Вело Марковски има 1330 потписи, Мерсиха Смаиловиќ 1286, Ѓорѓи Манасков 388, Зорица Цветковска 176, Господин Поповски 106, Томе Николовски 0.
Потписи од утре ќе собираат и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ Стево Пендаровски и покрај поддршката што за нив се очекува да ја официјализираат викендов партиите.
Постапката за собирање потписи почна на 23 февруари, а ќе трае до 8 март до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
-

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро
-

16-годишниот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар
-

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ
-

Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
-

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
-

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел
-

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате
