Македонија
20. February 2025 - 16:42

Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд

Со сатар и два ножеви во ранец, 20 годишен скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд. Сопрен бил од судската полиција која ладното оружје го забележала при претрес на ранецот. Веднаш била повикана полиција.

- Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР

Инцидентот го потврдуваат и од Кривичниот суд. Се што оттаму знаат до овој момент е дека 20-годишникот бил странка во прекршочна постапка кој требал да  присуствува на рочиште, но наместо во судница завршил во полициска станица.  

Засега ниту полицијата, ниту судот не го знаат мотивот зошто скопјанецот на рочиште сакал да влезе со сатар и два ножеви.    

Додека полицијата го расчистува случајот, во Кривичен е зголемено нивото на обезбедување.