-->
-->
Со симптоми на коронавирус маж и партнерката избегале од болницата во Штип
-->
Двајца пациенти попладнево скршиле прозорец и избегале од штипската болница каде се пријавиле по скорото враќање од Италија, потврди министерот Наќе Чулев.
Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.
Мажот имал симптоми, и двојката тргнала во Штип на инфективното одделение. Таму пациентот станал агресивен и двајцата избегале откако го искршиле прозорецот. Откриени се во нивниот дом во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ