Македонија
8. July 2016 - 13:52

Со средства од ИПА се реализира проект за подобра социјална вклученост на лицата со инвалидност

Подобрување на системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на лицата со инвалидност и унапредување на еднаквите можности на пазарот на труд има за цел проектот Проектот за промовирање на услугите за социјална инклузија финансирана од ИПА фондовите на Европската унија.

Тој, меѓудругото, предвидува професионална рехабилитација на овие лица, но и воведување сервис за персонална асистенција кои ќе им помагаат во секојдневниот живот. На таков начин, лицата со инвалидност би можеле послесно да ги остварат правата кои им припаѓаат, како правото на работоа, на вклученост во општествениот живот...

Стојан Андонов, експерт за поставување стандарди во професионалната рехабилитација, кој е дел од проектот, вели дека во оваа работна фаза се разработуваат осум стандарди кои мора да се спроведат.

Меѓу нив, рече, се проценката на состојбата на секое лице и констатирање не само на инвалидноста, туку и на нивните можности и способности, да се направи план заедно со лицето што би можело тоа да работи и на какво работно место, тоа да се советува, поддржи и да му се помогне да ја зајакне самодовербата, да се обучи или дообучи во насока на тоа каде е направен план да се вработи или каде има достапно работно место, да се направат напори за прилагодување на работното место, да му се даде поддршка во текот на работата, а на крај да се направи проценка за ефектот од работната вклученост.

Воведувањето на персонален асистент, пак, е новина, за која од октомври ќе почне да се прави пилотирање со 70 лица со инвалидност во осум региони во Македонија, појасува Маријана Јанковиќ, експерт за лична асистенција.

Персоналниот асистент ќе му помага на лицето со инвалидност во текот на секојдневниот жеивот, на работно место или во вклучувањето во културно општествениот жеивот. Тоа би значело, дека може да му помага во извршување на домашни активности, да го однесе на работно место, да го одведе во кино, на прошетка ...

Лицето со инвалидност е тоа кое ќе треба да каже кога, каде и на кавов начин треба да ја добие персоналната асистенција. Бројот на часови дневно во тек на кои лицето може да го добие персоналниот асистент ќе биде регулиран, како и услугите кои ќе ги даваат персоналните асистенти.

Средствата за оваа намена, доколку проектното пилотирање и истражување се покажат позитивни и тој се вгради во македонското законодавство, би требало да ги обезбеди државата или општините каде живеат таквите лица. Тоа, вели Јанковиќ, би можеле да се и средства кои би биле пренаменети од други ставки за овие лица кои не даваат соодветни резултати.

Персоналните асистенти се лица кои ќе треба да поминат обуки кај сервис провајдерите, односно кај компании кои ќе ги нудат овие услуги, и ќе бидат нивни вработени.

Елена Вахакуопус, тим лидер на проектот, смета дека за остварување на целите на овој проект, потребно е и мотивација на лицата со инвалидност, надминување на бариерите со кои се соочуваат при инклузијата, но и подигнување на јавната свест, особено кај работодавачите дека овие лица имаат способности со кои можат да придонесат и за нивните компании и за општеството во целина.   

Проектот започнал со реализација во јули 2015 и треба да заврши до јули 2017 година. По неговото завршување треба да биде познато какви би резултати би можело да се очекуваат од воведувањето на новините и кои законски измени би било потребно да се направат за тое да можат да почнат да се применуваат. Проектот го спроведува проектниот конзорциум WYG Интернационал.