Со стендап на Сашко Коцев почнува хуманитарната акција на МНТ
Со стендап комедијата на Сашко Коцев вечерва во Македонскиот народен театар почнува хуманитарната акција „МНТ - театар на хуманоста и солидарноста“ со која оваа културна институција се вклучува во активностите за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион.
Покрај ова, на сцената на Македонскиот народен театар во понеделник ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“, во вторник „Сомнително лице“, а во среда „Свадбата на Фигаро“. На 12 септември на програмата е „Брачна игра“, а на 17 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Прекината одисеја“ која е во копродукција со Театарот во Полска.
Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за поплавените подрачја.
Раководството на МНТ се надева дека со оваа акција ќе им помогне на граѓаните кои беа поплавени од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.
Ново на Сител
-
Модриќ ќе стане капитен на Реал по заминувањето на Начо
-
Македонецот Сашо Башески победи во „Никогаш не е доцна“
-
Премиерот Мицкоски денеска ќе го започне својот мандат
-
Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на заседание на ФАК во Луксембург
-
Седница на Судскиот совет
-
Нетанјаху: Наскоро ќе завршат интензивните борби против Хамас, но не и војната
-
Од денеска времен сообраќаен режим на патот Понов мост - Богданци
-
По невремето денеска сончево со температура до 38 степени, попладне пороен дожд и грмежи