Со тажна музика од труба, колоната тргна кон гробот: Погребан трагично загинатиот пилот

Погребот на настраданиот пилот Дејан Пандуровиќ почна на Новите гробишта во Белград во 13.30 часот. Тој и неговиот колега Ненад Чулибрк трагично загинаа на 7.април при пад на школско-борбениот авион „Супер галеб Г-4“ во реонот на село Слатина кај Шабац во текот на изведување на редовна летачка обука.
Поворката тргна и го изнесоа ковчегот со тажна мелодија на трубите.
-Што е ова? Што е ова, некој нека ми каже, изговараше низ плач мајката на настраданиот Дејан.

На погребот на настаданиот пилот присуствуваше и српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ.
Во поворката се бројни пријатели и роднини, како и колеги од работа, кои не можат да веруваат дека нивниот Дејан повеќе го нема.
Тишината ја прекинуваат чекорите во колоната, а на сите на ум им е само една мисла -Дејан зад себе остави две мали деца и неутешна сопруга.

Дејан сите ќе го паметат по убави работи, беше одличен пилот, во текот на кариерата обавуваше повеќе летачки должности и за својата работа е наградуван и пофалуван.
Неговиот авион се урна во петокот околу 10.30 часот во текот на изведување редовна летачка обука.

Погребот на Ненад Чулибрк е одржана денеска на Новите гробишта во Шабав во 13 часот.
Инаку, воениот авион „супер галеб Г-4“ се урна на 7 април на подрачјето на село Слатина кај Шабац, кога загинаа потполковникот Ненад Чулибрк од Командата на противвоздушната одбрана и капетан Дејан Пандуровиќ од 252. школско - тренажната авијациска ескадрила на 204. воздухопловна бригада.
Капетанот Дејан Пандуровиќ е роден на 15. април 1978 година во Врбас. На служба во Војската на Србија е од 2001 година. Обавувал должност на пилот, и воедно наставник по летање.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
