Со Тејлор и Кент почнуваат јавните сослушувања во рамки на истрагата за отповикување на Трамп
Првата рунда на јавни расправи во рамките на истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп почнува денеска со сослушувања на три сведоци важни за истрагата, предводена од демократите во Конгресот.
Вилијам Тејлор, амбасадор на САД во Украина и Џорџ Кент, заменик државен секретар за Европа и Евроазија, треба да бидат сослушани денеска, додека претходничката на Тејлор, Мари Јовановиќ, ќе даде искази в петок
Сите тројца веќе сведочеа зад затворени врати за време на инцијалната фаза од истрагата која започна во октомври.
– Американскиот народ ќе чуе од прва рака за злоупотребите на претседателот, изјави Адам Шиф, демократ од Калифорнија, претседавач со Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом.
Републиканците пак, од своја страна, го поддржуваат претседателот и целосно ја отфрлаат истрагата за отповикување, обвинувајќи дека е обид да се преиначат резултатите од изборите во 2016 година. Конзервативците се жалат за начинот на кој се води целата процедура, ги дискредитиртаат досегашните сведоци и истакнуваат дека обвинувањата против Трамп не се достојни за импичмент.
Републиканскиот конгресмен Дејвид Њунес веќе испрати листа на сведоци кои тие бараат да дадат јавен исказ. Во листата се анонимниот „свиркач“ чиј извештај ја катапутираше истргата, и Хантер Бајден, син на Џо Бајден, поранешниот потпретседател, и можен опонент на Трамп на изборите следната година.
Демократите обвинуваат дека Трамп се обидел да влијае врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да започне истрага во Украина за Бајден во замена за добивање воена помош за Украина.
Трамп изјави дека телефонскиот разговор со Зеленски бил „совршен“ и вети објавување нов транскрипт од втор телефонски разговор со неговиот украински колега.
Според правилникот, на сослушувањата за импичмент секој од членовите на одборите имаат по пет минути да постават прашања, додека претседавачите имаат и по 45 минути дополнително време за вкрстено испрашување, со право преостанатата минутажа да се додели на адвокат назначен од одборот. Се очекува сослушувањата да траат со часови.
Според достапните транскрипти од досегашните искази, зад затворени врати досега беа испрашани десеттина сведоци, Тејлор истакнал дека откако бил избран на позицијата амбасадор на САД во Киев, набргу дознал за добро разработен паралелен надворешно-политичка канал во односите со Украина.
Кент посочил дека личниот адвокат на претседателот, Руди Џулијани, водел „кампања на лаги“, против американската амбасадорка во Украина, Јовановиќ, чија позиција била жртвувана поради непослушност кон Трамп.
Џулијани го обвинуваат дека ја заобиколил традиционалната натпартиската политика во однос на Украина, жртва на руската агресија, и водел тајна дипломатија за да се започне политичка истрага во замена за поддршка.
Ново на Сител
-
Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа
-
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски