Македонија
22. December 2023 - 13:18

Со товарно возило прегазена жена на „Рузвелтова“

На 21.12.2023 во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје,  товарно моторно возило „дачија докер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(55) од Скопје, удрило во М.Т.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни се здобила М.Т., констатирани во привaтна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.