Со забрзана динамика се гради автопатот Косово-Македонија

Со забрзана динамика се одвива изградбата на автопатот “Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија.
Ела Ручи, портпаролка на компанијата „Бектел Енка“(Бецхтел- Енке), која ги изведува работите, вели дека со подобрувањето на временските услови се интенизирале и работите.
Моментно според неа во овој проект ангажирани се околу 800 работници.
- На целата должина на автопатот, до границата со Македонија се работи. Сите сектори се работно ангажирани. Секако во летниот период се зголемуваат и градежните активности. Наша цел е да се работи на целата должина за да сe запазат предвидените рокови, изјавила Ручи.
И владини претставници потврдуваат дека текот на работите на автопатот Приштина-Хан Елези (Генерал Јанковиќ) кој ги поврзува Косово со Македонија се одвиваат според предвидената динамика.
Рама Чупева, директор на секторот за патната инфраструктура во косовското Mинистерството за инфраструктура изјави дека од технички аспект нема да има проблеми во завршувањето на работите.
- Реализaцијата на овој проект почна во 2014 година, додека според планот работите треба да завршат во почетокот на 2018. Тоа секако и од буџетските можности, додаде Чупева.
Целата сообраќајница е во должина од 60 километри, а ќе бидат инвестирани 600 милиони евра. Автопатот „Арбен Џафери“ е продолжение на автопатот до косовско-албанската граница „Ибрахим Ругова“, кој пак се поврзува со автопатот Драч-Кукс граничен премин Морина, на албанско-косовската граница.
Ново на Сител
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
