Соборени пет дрона на Хутите во Црвено Море
Американската војска соопшти дека нејзин авион, помогнат од воен брод, соборил пет офанзивни беспилотни летала во Црвеното Море, што биле лансирани од областите под контрола на јеменските бунтовници Хути.
Дроновите „претставуваа непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица и коалицијата во регионот“, се наведува во соопштението на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).
Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, почнаа да ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив на 19 ноември во знак на протест против израелската воена операција во Газа.
САД и Велика Британија од минатиот месец почнаа со воздушни напади врз воените позиции на Хутите во Јемен, како што наведоа, заради намалување на способноста на бунтовниците да напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море.
Ново на Сител
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун