-->
-->
Собрани 31 единица крв на празничната акција во Крива Паланка
-->

На вчерашната традиционална крводаритеска акција која се одржа по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица, во Крива Паланка се собрани 31 единица крв.
Акцијата ја релизираше општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
- Празничната акција беше петта овој месец. Во август реализиравме две Илинденски акции кои се одржуваат секоја година во селата Трново и Петралица, а кон средината на месецот се одржаа уште две, во селата Радибуш и Герман. Со оваа акција и денешните собрани крвни единици веќе надминавме 90 отсто реализација на Годишниот план за крводарувања, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
Акцијата се одржа во просториите на старата фурна на манастирот Свети Јоаким Осоговски, а траеше до 20 часот.
Со годишната Програма за крводарителески акции на кривопаланечкиот Црвен Крст предвидено е да бидат собрани 711 крвни единици, а проекциите на овој план редовно се натфрлаат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
