Собрани дела на Митко Маџунков промовирани во Струмица

Издавачката куќа „Три“ денеска во Струмица промовираше собрани дела од академик Митко Маџунков, во рамки на „Денови со Митко Маџунков“. Манифестацијата опфаќа неколку дневни активности, меѓу кои и посета на места во Струмичко населени со бегалци од Кукуш, кои се познати како „бежанците“ и се прототипови за ликовите на неговиот роман „Кон другата земја“.
- Тоа е едно многу пријатно чуство зашто таквите манифестации се одржуваат кога не сме живи, можеби така е подоборо. Идејата беше да се направат директни средби додека сме тука и да се искористи шансата додека сме заедно да се кажат некои работи, рече Маџунков.
Опфатена е половина (10 од 20 томови) избрани дела од негово творештво. Маџунков останува на ставот дека литературата е живот наместо живот.
- Книгите немаат директна врска со стварноста и со денешницата. Тие произлегуваат од самото срце на животот. Ако тие произлегуваат од тоа, тогаш литературата не е во однос на животот, туку место животот. Сите животни факти се преобразуваат и од нив се создава еден книжевен универзум кој се базира, барем во модерната, на една висока индивидуалност, која нема врска со некои дневни определувања, туку има свој тоталитет, објаснува Манџунков.
Според него, токму преку културата и литературата се формира индивидуалниот дух.
- За сериозна литература треба сериозен однос, така што треба да има апсолутна посветеност. Не може сите да се занимаваат само со литература, но важно е за една култура, за еден народ, да дојде на она рамниште кое ние го прескокнавме уште во 19 век, кога преку романот и литературата е формиран индивидуалниот дух на единката на човекот, вели Маџунков.
Целта на дводневната манифестација беше да го популаризира делото на писателот и академик Митко Маџунков - прозаист, драмски автор и есеист роден во Струмица. Организирана е на иницијатива на група културни работници и уметници од Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, со поддршка од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
