Собранието изгласа повеќе закони и ратификации на договори

Републичкото Собрание на попладневното продолжение на 91-та седница усвои повеќе закони за ратификација на договори и спогодби на Владата со други држави.
Изгласани се законите за ратификација на Договорот со Советот на министри на Албанија за соработка во областа на образованието и науката, на Спогодбата со Владата на Србија за соработка во образованието, науката и технологијата, на Договорот за воена финансиска соработка со Владата на Турција и Протоколот за спроведување финансиска помош помеѓу владите на Македонија и на Турција. Поддршка добија и законите за ратификација на измените и дополнувањата на член 8 од Римскиот Статут на Меѓународниот кривичен суд и на измените и дополнувањата на Римскиот Статут на Меѓународниот кривичен суд во врска со злосторството на агресија и на Протоколот кон Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и Европските заедници и нивните земји-членки, со кој се зема предвид пристапувањето на Хрватска во ЕУ.
Без расправа Парламентот ги изгласа законите за изменување и дополнување на Царинскиот закон, на законите за финансиските друштва, за вршење услуги брз трансфер на пари, за ревизија,за инвестициски фондови, за преземање акционерски друштва, за девизното работење, за вршење сметководствени работи, за комуналните такси, за персоналниот данок на доход, за лизинг, за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит....
Поддршка добија и законите за изменување и дополнување на законите за даноците на имот, за даночна постапка, за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, за вршење на работи за застапување во царинските постапки, за данокот на додадена вреднос, за административните такси, за царински мерки, за спроведување заштита на правата од интелектуална сопственост, за супервизија на осигурување, за акцизите, за Царинската управа, за данокот на добивка, за регистрирање готовински плаќања и за игрите на среќа.
Продолжение на 91-та седница е најавено за утре во 12 часот.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
