Собранието ја почна 117. седница
Во Собранието на Република Македонија, кое почна со утврдување на дневниот ред на 117. седница, е прогласена едночасовна пауза на барање на координаторот на пратениците од СДСМ Горан Сугарески.
Паузата, според Сугарески, е потребна за пратениците од опозицијата да ги разгледаат предлог законите што ги доставила Владата по скратена постапка.
Сугарески рече дека не е во ред законите да се доставуваат во скратена постапка бидејќи поради обемноста пратениците ќе немале време да го прочитаат материјалот и да се произнесат за содржината.
- Владата продолжува со практиката пред самиот почеток да ги доставува во скратена постапка законите, рече Сугарески, по образложението на министерот за финансии Кирил Миноски за потребата Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, да се носи по скратена постапка.
Според Миноски, со предложените измени се создава можност да се приватизира градежното земјиште во државна сопственост на кое што корисниците поранешните сопственици и физички лица за стекнатото право на користење на градежното земјиште коишто платиле надоместок којшто влегува во една или во повеќе изградени градежни парцели, а по претходно прибавена согласнот на сопствениците на објектите на градежните изградени парцели.
- Се врши прецизирање на постојната одредба за можноста да се приватизира градежното изградено земјиште дефинирано како градежна парцела со класа на намена А домување, на која право на сопственост имаат физички и правни лица во чиоја градежна парцела учествува и земјиштето сопственост на РМ при што предмет на приватизација може да биде и земјиштето сопственсот на РМ во површина којашто во градежната парцела влегува до 500 метри квадратни независно од површината на градежната парцела дефинирана со актите за урбанистичко планирање, рече Миноски, дополнувајќи и дека се прецизираат обврските на органот надлежен за имотно правни работи.
Претходно парламентарното мнозинство даде согласност по скратена постапка да се носат измените и дополнувањата на Законот за експропријација. Пратениците треба да се изјаснат по скратена постапка да се донесат и предлог законите за изменување и дополнување на законите за игрите на среќа и за забавните игри и за железничкиот систем.
Дел од дневниот ред на 117. седница, меѓу другото, е новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп