Собранието ќе избира директор на ОТА
Собранието на Република Македонија денеска треба да избере директор на Оперативно-техничката агенција-ОТА.
Предлогот Зоран Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.
Собранието денеска треба да го финализира неговиот избор со двотретинско мнозинство.
На дневен ред на 59. седница, која ќе биде последна пред одржувањето на референдумот на 30 септември, е и Предлог на законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,по скратена постапка, поднесен од Лилјана Затуроска, Диме Велковски и Артан Груби, за кој исто така имаше несогласувања помеѓу владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците ќе треба да гласаат и за дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево - Охрид, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, двата по скратена постапка, двата поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство.
Се очекува дека на седницата да бидат ставени и други точки.
Седници денеска ќе одржат и Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата и измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, двата во второ читање, и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Потребна е реорганизација на целиот систем за подобро справување со кризните ситуации
-
МВР соодветно и навремено ќе реагира на случувањата во затворите
-
Потребна е поголема безбедност на работните места за да се избегнат несакани последици
-
ХОТАМ - И покрај зголемените цени Охрид најефтина дестинација во регионот
-
Со 76 гласа „за“ Собранието ги изгласа замениците министри
-
Власта и опозицијата во Собранието согласни за укинување на економските директори во клиниките
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции
-
Со 76 гласа „за“ Собранието ги изгласа замениците министри