Собранието ќе ја продолжи 67. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 67. седница со расправата по измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки.
На ова продолжение пратениците треба да расправаат по измените и дополнувањата на Законот за ТИРЗ, за Законот за индустриски зелени зони, по Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за социјалната заштита и повеќе други закони од сфетата на економијата и финансиите.
Меѓу точките на дневен ред кои вкупно изнесуваа 100, се и измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за постапување по претставки и предлози, повеќе законски решенија од областа на здравството, културата, социјалната заштита,образованието и предлог законски решенија од опозицијата.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро