-->
-->
Собранието ќе ја продолжи расправата за измени на минималната плата
-->
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог законот за изменување на Законот за минимална плата во прво читање, поднесен од опозициските пратеници.
Со законот се предлага висината на минималната нето плата да биде 11 илјади денари и да важи за сите сектори, како и да се формира фонд за поддршка на стандардот на живот на вработените.
На дневниот ред на 67. седница се и Предлог законот за изменување на Законот за буџетите во прво читање и Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите од Република Македонија, поднесени од опозицијата.
Пратениците треба да го разгледаат и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани